понеделник, 21 октомври 2024

Обвинителството на Венецуела бара апсење на лидерот на опозицијата

Венецуелски суд го прифати барањето за издавање налог за апсење на лидерот на опозицијата Едмундо Гонзалес, соопшти венецуелското обвинителство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителството на Инстаграм сподели фотографија од писмото испратено со барањето на кое има печат, што значи дека судот го примил дописот, но не е објавена документацијата која покажува дека барањето е прифатено, пишува Ројтерс.

Венецуелското обвинителство побарало да се издаде налог за апсење на Гонзалес бидејќи не одговорил на три повици да сведочи за опозициски сајт кој објавил детални резултати на спорните претседателски избори во таа земја.

Властите го истражуваат тој сајт поради узурпација на функцијата на изборната власт и оспорување на изборната победа на претседателот Николас Мадуро на изборите одржани на 28 јули.

Врховниот суд ги потврди резултатите на изборната комисија и го призна Мадуро за претседател на Венецуела за периодот 2025-2031, јави претходно телевизијата Телесур, повикувајќи се на одлука на судот.

Тој суд додаде и дека резултатите од гласањето објавени на интернет, според кои Мадуро изгубил, се лажирани.

Мадуро бараше да се преиспита вкупниот број гласови на гласачите на претседателските избори, откако опозицијата објави евиденција за гласањето на интернет до 80 отсто гласачки места, а според која опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес победил.

Според оценката на тој суд, против Гонзалес треба да се преземат мерки поради тоа што не се појавил на суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ