„По донесените решенија на Основниот кривичен суд Скопје со кое е определен притвор за двајца осомничени во истрагата за проневера во Државна лотарија, кои се недостапни на органите на прогонот, Основното јавно обвинителство Скопје вечерва до Министерството за внатрешни работи ќе издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница“, информираа од обвинителството.
Оттаму појаснуваат дека за да може да се бара екстрадиција на Груби и Бајрами МВР прво треба да распише национална потерница, по што се дава изјава за распишување меѓународна потерница, односно со таа изјава се потврдува дека обвинителството ќе бара екстрадиција доколку двајцата осомничени бидат приведени во странство.