сабота, 27 јули 2024

Обвинителството ќе гони двајца браќа кои му се заканувале на градоначалникот на Арачиново

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело загрозување на сигурноста.

Објавено на

часот

Сподели

Според ОЈО Скопје, осомничените, во повеќе наврати телефонски му се заканувале на градоначалник на општина Арачиново, предизвикувајќи кај него несигурност, вознемиреност и страв. Откако ги пријавил, тие преку вибер пораки продолжиле да упатуваат сериозни закани по живот.

„Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, обврска да се јавуваат кај надлежен орган, забрана за влез во седиштето на општина Арачиново, како и забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетениот градоначалник“, информираа од ОЈО СКопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ