вторник, 5 март 2024

По убиството на двегодишното девојче обвинителството отвори истрага за таткото

Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Кичево покрена истрага за сомневањата за убиството на двегодишното дете од Кичево кое почина од здобиени повреди, според првичните сознанија, нанесени од неговиот татко. За осомничениот татко се бара мерка притвор.

Фото: Пиксабеј/Вештачка интелегенција

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје“, информираат од Јавното обвинителство.

Во врска со случајот, од Министерството за здравство информираа дека на 19 декември во Ургентниот центар во Општата болница во Кичево е примена двегодишна пациентка во коматозна состојба, која во болницата била донесена од нејзината мајка. Поради критичната состојба, малата пациентка е препратена на Ургентниот хируршки центар во Клиничкиот комплекс Мајка Тереза, а потоа е префрлена на Универзитетската Клиника за неврохиругија, во Скопје.

„И покрај сите заложби на лекарите, за жал двегодишната пациентка подлегна на тешките телесни повреди на 8.01.2024 година. Здравствените институции каде беше примена и третирана пациентката, целосната документација за хоспитализацијата и третманот, ја предадоа на надлежните истражни органи“, пишува во информацијата од Министерството за здравство.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека таткото со иницијали Ф.Д. е приведен вчера, а обвинителството за него бара притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ