недела, 5 јануари 2025

Обвинителството изврши увид кај Рашче, каде што автомобил падна во Вардар

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска информираше дека извршиле увид во Рашче на местото каде синоќа автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар.

Објавено на

часот

Сподели

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар. И покрај исклучително тешките услови на непристапен терен, беа преземени сите дејствија за обезбедување траги и докази со цел да се утврдат причините за несреќата“, посочуваат од ЈОРМ.

Од Јавното обвинителство информираат дека заедно со автомобилот, од водите на Вардар биле извадени три починати жени, за кои е издадена наредба за обдукција. Посочуваат дека по уште едно лице се трага, додека во автомобилот патувало и дете кое е пронајдено повредено надвор од возилото, па е пренесено на Клиничкиот центар во Скопје.

„Според првичните сознанија, со возилото управувала една од починатите. Ќе биде издадена наредба и за вештачење на автомобилот. По насоки на јавен обвинител се разговара со очевидци на настанот, како и со блиски на семејството во возилото со цел да се испитаат сите околности“, посочуваат од Основното јавно обвинителство Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ