„Со цел да се испитаат ваквите индиции, на 28 декември 2024 година, едно лице беше спроведено во полициска станица. Заради постоење на основи на сомневање дека е можен сторител на кривичните дела Оддавање службена тајна и Злосторничко здружување со него е извршен службен разговор. По разговорот лицето е пуштено на слобода, а по насоки на јавниот обвинител му е одземен мобилниот телефон со цел со понатамошна дигитална обработка на телефонските податоци да се потврдат индициите за евентуално стореното дело“, се наведува во соопштението на ОЈО ГОКК.
Обвинителството има нови сознанија за нови кривични дела во случајот „Бункер“
Во рамките на предметот под кодно име „Бункер“ во кој под истрага се 18 членови на криминални групи, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и истражители од Истражниот центар при анализа на досега прибраниот доказен материјал дојдоа до сознанија што упатуваат на можно сторување на други кривични дела и други инволвирани лица, информираат од ОЈО ГОКК.
Објавено на
часот