Обвинителството го прошири тимот кој работи на истрагата за трагедијата во Кочани
Државното јавно обвинителство (ЈОРМ) утрово соопшти дека обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за трагедијата што се случи вчера во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат девет обвинители.
„Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат двајца јавни обвинители од Кочани, двајца јавни обвинители од Штип ипет јавни обвинители од Скопје. Синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, како и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација. Увидот на лице место денеска продолжува“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
Во пожарот што се случи вчера утрото во 2:30 часот животот го загубија 59 млади луѓе, а повеќе од 155 се повредени. Според досегашните информации 44 од нив се пренесени во болници во странство.

Објавено на
часот