петок, 27 декември 2024

Обвинителството го доби договорот со Бехтел и Енка

Објавено на

часот

Сподели

 

„Договорот, како и содржината на севкупната електронска документација од Електронскиот систем за јавни набавки поврзана со сите постапки за јавните набавки каде како предмет на договор се јавуваат коридорите 8 и 10д, во наредниот период ќе бидат анализирани во насока на утврдување на елементи на евентуално сторено кривично дело“, се наведува во соопштението.

Со оглед дека станува збор за обемна документација,како што посочуваат од Обвинителството, на јавниот обвинител и тимот на истражители ќе им биде потребно време за анализа и проверка на сите индиции и наводи што месеци наназад се во интерес на јавноста.

„За секое постапување што нема да ја попречи постапката и ќе може да се сподели со јавноста, обвинителството навреме ќе информира“, се додава во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ