сабота, 19 октомври 2024

Обвинителството ги бара напаѓачите што синоќа повредија навивач на ФК Левски

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните сознанија, како што се наведува во соопштението од ЈО, до настанот дошло додека навивачи на фудбалскиот клуб (ФК)  Левски со две возила со бугарски регистарски ознаки се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”, каде влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани.

„Бугарските навивачи ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во физичка пресметка со група граѓани кои излегле од околните објекти. При враќање во автомобилот, 29-годишен бугарски државјанин бил повреден со остар предмет во стомакот. Кај него е констатирана тешка телесна повреда и е хоспитализиран. По извршена хируршка интервенција, тој е во стабилна состојба“, информираа од ОЈО Скопје.

Со цел, како што посочуваат од обвинителството, утврдување на идентитетот на граѓаните кои учествувале во настанот и кои според првичните сознанија не биле дел од локална навивачка група, како и целосно расчистување на настанот, подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Освен тоа, обезбедени се видео записи од околните објекти и од камерите на системот Безбеден град, а се преземаат и други дејствија.

Што се однесува до останатите инциденти поврзани со навивачи на ФК Левски во текот на вчерашниот ден, обвинителството е известено дека се процесуирани прекршoчно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ