вторник, 14 јануари 2025

Обвинителството бара притвор за извршителката за нападот врз новинарот Салиу

Кичевското обвинителство побара од судот на обвинителката Весна Јакимовска да ѝ се изрече мерка притвор поради нападот врз новинарот Фурхан Салиу што се случи вчера.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

„Основното јавно обвинителство Кичево поведе постапка против извршителка за која постои основано сомнение дека ги сторила кривичните дела – спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 1, – напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 и фалсификување или уништување деловни книги од член 280 став 2 од Кривичниот законик.

Осомничената 60-годишна извршителка за Кичево најпрвин на 21 март спречила службено лице – новинар што се обидел да сними нејзина изјава за нејзиното постапување по предмет на извршување. Физички го нападнала и ја оштетила опремата на новинарот. Откако била пријавена и повикана во полициска станица да даде исказ, осомничената физички нападнала полициски службеник и го уништила подготвениот службен материјал.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Кичево достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, која во текот на целиот настан продолжувала да се заканува поради што јасно постои опасност од повторување на делото“, се вели во соопштението.

Како што веќе објави МКД.мк, извршителката го нападнала новинарот во обид да го спречи во извршување на неговата новинарска задача, го удрила и му одзела и оштетила два микрофони.

Фурхан Салиу за случајот даде изјава вчера во полициската станица, а случајот го осудија новинарските здруженија потсетувајќи дека станува збор за кривично дело.

Во полициската станица во Кичево потоа се случил и нов инцидент, каде што извршителката Јакимовска нападнала полицаец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ