Како што информираат денеска од Обвинителството, на 18 јануари полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории на лицето, на улица „Македонско-косовска ударна бригада” во Скопје, при што пронашле една пушка марка „Црвена застава”, една ловна пушка, муниција – куршуми и патрони, како и делови и компоненти од огнено оружје.
Ценејќи дека лицето нема да може да биде обезбедено во текот на постапката со друга поблага мерка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.