сабота, 27 јули 2024

Обвинителството бара мерки на претпазливост за Иџет Мемети

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за второосомничениот член на Советот на јавни обвинители во врска со случајот за примање поткуп во кој осомничен е и врховниот судија Наке Георгиев кој поладнево беше изведен пред суд за да даде исказ во врска со предлогот да му биде опредлена мерка притвор.

Објавено на

часот

Сподели

„Со предлогот, обвинителството бара судот на осомничениот да му определи мерки на претпазливост согласно Законот за кривична постапка, односно обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган кој ќе го определи судијата на претходна постапка и привремено да му биде одземена патната исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државна граница на име на осомничениот, како и забрана за употреба на лична карта на име на осомничениот како исправа за преминување на државната граница“, информираа од ОЈО ГОКК..

Во барањето се наведува мерките да траат додека постои потреба, а најдоцна до правосилноста на евентуална пресуда.

Мемети заедно со врховниот судија Наке Георгиев се осомничени за примање награда за противзаконито влијание затоа што му ветувале на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев дека ќе му ја олеснат состојбата затоа што тој од март се наоѓа во притвор поради шверц со дрога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ