Сандро Тонали оваа недела ќе разговара со обвинителот при Фудбалската федерација на Италија, се најавува дека фудбалерот од средниот ред ќе соработува и ќе го признае делото со цел да добие помала казна.
Но како што пренесуваат медиумите, тој и понатаму ризикува суспензија од најмалку 18 месеци.
Обвинителот при ФФИ сака да направи пример од Сандро Тонали и да покаже дека нема место за обложување во Калчото.
Исто така, клучно ќе биде дали Сандро Тонали ја кажува вистината, односно дали исказите ќе се поклопат со исходот од вештачењето на неговиот телефон и таблет.
Особено е важно дали фудбалерот се обложувал на натпревари на Милан додека го носел дресот на „росонерите“. Доколку го сторил тоа, обвинението против него станува потешко и му се заканува поголема казна.