петок, 26 јули 2024

Обвинителот дополнително ќе одлучува за жалба за висината на казната за грабнувањето на Самоил

Обвинителството е задоволно од епилогот за случајот на грабнувањето на Самоил Костадиновски и подоцна ќе се произнесе дали ќе има жалба за висината на затворските казни за обвинетите.

Објавено на

часот

Сподели

„Во овој момент има одредено задоволство од пресудата затоа што после 1.855 минути или повеќе од 30 часа на одржаните 11 рочишта на кои обвинителството ги презентираше доказите со кои надвор од разумно сомневање докажа дека обвинитетите го сториле кривичното дело. Обвинителството подоцна ќе се произнесе дали ќе има жалба на пресудата. Во однос на лицето кое е во бегство се води постапка во Обвинителството но таа е прекината затоа што обвинетиот е недостапен за органите на прогонот. Донесов одлука за распишување на меѓународна потерница“, изјави обвинителот Дејан Петревски по завршувањето на рочиштето на кое беше соопштена одлуката на Судот.

Виктор Милановски доби казна затвор од пет години и девет месеци, а Саша Челикиќ две години и два месеци. Двајцата беа прогласени за виновни за грабнубањето на Самоил Костадиновски, внук на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ