Овој член налага сите докази да се читаат непосредно и целосно заради запазување на начелото на непосредност, но во овој случај членот 392 не се почитува. На последното рочиште јавниот обвинител при натамошна презентација на материјалните докази, спротивно на наредбата на Судот од претходното рочиште продолжи со груба повреда на непосредноста на изведувањето на доказите, сметаат адвокатите на Митрев.
На рочиштето беа презентирани 14 кластери, документи дадени од клиничката болница Жан Митрев, без кластерите воопшто физички да бидат во судницата.
Откако на приговор на одбраната кластерите беа донесени, сепак останаа неотворени, и судот не доби увид во нивната содржина. Обвинителството не направи презентација ниту на содржината на кластерите, наведувајќи само декларативно дека се тоа болнички досиеја на пациенти. А според одбраната, во два од кластерите воопшто нема болнички досиеја.
Дали обвинителката не знае што содржат материјалните докази што самата треба, но не ги презентира. Или пак избегнувањето на доследно и непосредно читање на материјалните докази може да доведе до паѓање на обвинението како неосновано, прашуваат од одбраната.
Истото се случи и на претходното изнесување на материјалните докази, кога обвинителката на барање на одбраната за целосно придружување кон член 392 и налог на судот да се читаат целосно доказите, обвинителката со читање на листата на пациенти прочита дека болницата им вратила 34.995.700 денари односно 569.000 евра депонирани средства на пациентите на кои не им била извршена хемофилтрација иако тие пари биле депонирани за да се изврши хемофилтрација. Притоа, обвинителката Искра Хаџи Василева прво прочита дека се вратени вкупно 34 илјади денари, на што одбраната приговори дека неточно го чита износот и дека во доказот пишува дека се вратени 34 милиони денари на пациентите на кои не им била извршена хемофилтрација, по што таа беше принудена точно да го прочита износот наведен во писмениот доказ.
A.Д.