петок, 1 ноември 2024

Обвинителката Ристоска се сели, Канцеларијата за врски со Европравда доби свое место

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска се сретнал со назначениот јавен обвинител за врски на Република Македонија со Европравда Ленче Ристоска, соопштија од ЈОРМ.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата се разговарало за тековните состојби и предизвици во работењето на канцеларијата за врски, со особен акцент на важноста на навремена и експедитивна меѓународна соработка во кривичните постапки.

„Со оглед на околноста што непосредно претпоставен обвинител на обвинителот за врски е државниот обвинител на обвинителката Ристоска ѝ беше доделена канцеларија во Јавното обвинителство на Република Македонија“, соопшти ЈОРМ.

Инаку, Ристоска досега имаше канцеларија во просториите на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ