сабота, 21 декември 2024

Обвинителката Ирина Трајкоска Стрезоски е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители

Ирина Трајкоска Стрезоски од Вишото јавно обвинителство Битола е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) „Павел Шатев“, одлучи денеска Управниот одбор на Академијата. Изборот на Трајкоска Стрезоски доаѓа откако претходната директорка на Академијата, Наташа Габер-Дамјановска, во јули годинава поднесе неотповиклива оставка откако Управниот суд пресуди дека АСЈО незаконски спроведувела 130 тестови на кандидати за судии и јавни обвинители за време на избори.

Објавено на

часот

Сподели

За обвинителката Трајкоска Стрезоски и за нејзиниот четиригодишен мандат гласаа шест членови од Управниот одбор (УО) на Академијата.

Пет гласа доби судијата Ненад Савески од Основен кривичен суд Скопје, а трет н ранг листата, со три гласа беше заменик-директорот на Академијата, Илир Исени.

Судијката Оља Ристова од Кривичен суд и судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд не освоија ниту еден глас. Додека, судијката Едита Насковска од Управен суд доби два, а обвинителката Спасенка Андонова од Основното јавно обвинителство Скопје еден глас.

Претходно на седницата дел од членовите на УО посочија дека сите пријавени кандидати ги исполнувале условите за избор.

Изборот на Трајкоска Стрезоски доаѓа откако претходната директорка на Академијата, Наташа Габер-Дамјановска, во јули годинава поднесе неотповиклива оставка откако Управниот суд пресуди дека АСЈО незаконски спроведувела 130 тестови на кандидати за судии и јавни обвинители за време на избори.

„Последното искуство по однос на крајно нестручната и манлива по многу основи постапка пред ДКСК и понатамошното постапување на Управниот и Вишиот управен суд, вклучително и реакцијата против несоборливите факти околу ненавременоста на иницијативите на ДКСК кон правосудните тела, на дело покажа дека не се манифестира правото и правдата, туку заткулисното политичко влијание. Бројни лица од правосудството неофицијално говорат дека одлуката на Управниот суд не е исправна, но гласот тешко се крева, што за мене е поразително, бидејќи судската власт мора сама да се избори за својата независна позиција во домашниот правен поредок. Јасно е дека таа нема да ѝ биде подарена“, рече тогаш меѓу другото, во образложението на оставката, Габер Дамјановска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ