сабота, 27 јули 2024

Oбвинителката Илиеска има сомнежи кој ѝ го запалил автомобилот

„Станува збор за кукавички чин. Има вознемиреност, но не се чувствувам загрозено. Има одредени сомнежи“, изјави Маријана Илиеска, обвинителка во Основното јавно обвинителство во Прилеп, чиј приватен автомобил вчера беше опожарен.

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните сознанија, засега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета.

Илиеска вели дека постојат одредени сомнежи, но не може да зборува додека не се потврдат.

„Ова е кукавички чин. Нормална е вознемиреноста. Не се чувствувам загрозено ниту пак ќе запрам со мојата работа. Продолжувам со работатата како основен јавен обвинител. Имам одредени сомнежи, но не може да зборувам за тоа. Не, пред да се докаже или со факти да се потврди кој стои зад сето тоа“, вели Илиеска.

Досега немала лични закани, но постоеле одредени притисоци во работењето.

Веднаш по настанот е извршен увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторителот на кривичното дело, соопштува Јавното обвинителство.

Државното Јавно обвинителство и Здружението на јавни обвинители изразија силна осуда за ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ