сабота, 27 јули 2024

Обвинителката Фетаи нема право на жалба, Коцевски е изборот за главен обвинител

Советот на јавни обвинители едногласно го отфрли барањето на обвинителката обвинителката од Вишото обвинителство, Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката со која како некомплетна беше отфрлањена нејзината документација со која се кандидираше на огласот за именување на главен државен јавен обвинител.

Фото архива: Фетаи како обвинителка во СЈО

Објавено на

часот

Сподели

На седницата на Советот на јавни обвинители беше истакнато дека одлуката за отфрлање на доставената документација од Фетаи, на претходната 94. седница кога Советот на ЈО едногласно даде позитивно мислење за кандидатот Љупчо Коцевски да биде нов државен јавен обвинител, е поради што била доставена нецелосна.

Како што посочи Иџет Мемети, член на Советот на ЈО, на одлуките на Советот право на жалба нема и во конкретниот случај се работи за техничка работа во која Советот не е надлежен.

-На нашите одлуки право на жалба нема. Ако некој не е задоволен со нашата одлука некој може да бара тоа што бара. Зошто моите документи не биле разгледани? Тоа е техничка работа во која Советот не е надлежен, рече Мемети.

Советот на ЈО на претходната седница едногласно даде позитивно мислење за кандидатот Љупчо Коцевски да биде нов државен јавен обвинител, кандидатот Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење од Советот, додека пак, за Фатиме Фетаи не се расправаше, поради нецелосно доставена документација.

Советот, на денешната седница, исто така, расправаше за донесувањето на одлука за формирање Комисија за подготвување на кандидатска листа за избор на кандидат за член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, од подрачјето на Вишото јавно обвинителство во Скопје, како и донесување одлука за формирање на Комисија за спроведување на избори на членови на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство во Скопје, во која за претседател беше избран Иџет Мемети, додека за членови на комисијата беа избрани Кети Петкова и Светлана Жупановска.

Претседателката на Советот, Димитриевска, информираше дека од страна на вишиот јавен обвинител било доставено писмено известување до Советот, во кое се наведува дека „јавен обвинител кој работел на конкретен предмет, во кој што од доказите по предметот дошол до одредени сознанија за постапувањето на друг јавен обвинител, го известил вишиот јавен обвинител“, за кое беше едногласно одлучено дека таквото известување ќе го достават до Јавното обвинителство, кое понатаму треба да го разгледа и постапи по истото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ