Лицата на 9 август 2024 година предизвикале пожар на шумско земјиште во државна сопственост, во месноста викана Дупки, во атарот на селото Патишка Река, во општина Сопиште.
„Со запаллива течност – моторно масло и бензин полеале и запалиле нискостеблеста шума и суви треви, предизвикувајќи општа опасност за животот и телото на луѓето и за имот од големи размери“, се наведува во соопштението.
Осомничените ги забележал и ги пријавил очевидец.