среда, 12 март 2025

Обвинетиот Зејнелов ја призна вината за убиството на Емилија Пешева, мотивот – неверство

Обвинетиот за убиство на 29-годишната Емилија Пешева, Фадил Зејнелов призна вина. Пресудата во Основниот суд Штип ќе биде објавена в среда, на 12 февруари. 

Објавено на

часот

Сподели

Зејнелов денеска пред судот ја призна вината, а мотивот за извршеното убиство на 1 ноември минатата година рече дека е неверство.

Обвинителот и адвокатите на семејството Пешеви побараа доживотна казна затвор за сторителот, бидејќи, како што рекоа, убиството го извршил при семејно насилство, односно фемицид.

Судијата Сашко Георгиев по одржаните вовоедни и завршни зборови најави дека пресудата ќе биде објавена в среда. на 12 февруари во 13.00 часот.

Според истрагата на Основното јавно обвинителство, за убиството на штипјанката Пешева се обезбедени докази според кои обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.

Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на Јавното претпријатие „Исар“ за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој почнал силно да ја стега во пределот на вратот, при што дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот, тој го напуштил местото и сам се пријавил во Полициска станица-Штип.

Ставот на невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство, уште кога во јавноста се дозна за убиството на Пешева, е дека ова убиство е фемицид.

Жртвата претходно пријавувала насилство, но постапката против Зејнелов кој го изврши убиството има запрено на 2 септември 2024 година, за што тогаш потврдија и од Центарот за социјални работи во Штип. Бети Пеева од невладината организација „ЕХО“ од Штип за МИА изјави  дека подолг временски период бараат законски измени со цел кривичното гонење против насилнокот да оди по службена должност.

Обвинителството и семејството на Емилија бараат соживотна казна затвор за Фадил Зејнелов. Според истрагата на Основното јавно обвинителство, за убиството на штипјанката Пешева обезбедени се докази според кои обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Кога се уверил дека не дава знаци на живот, тој го напуштил местото и сам се пријавил во Полициска станица-Штип.

Родителите на Емилија Пешева сметаат дека правдата за нив е доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка. Тие сведочат дека Зејнелов по извршување на убиството веднаш не се пријавил во Полициска станица Штип, туку заминал да ги потроши во коцкарница парите кои ги земал од нивната ќерка, а има и десетина повици упатени кон мајката на Емилија за да праша дали нејзината ќерка се вратила дома. Откако се осигурал дека Емилија не се вратила дома, се пријавил во Полициска станица-Штип.

„Барам доживотна казна затвор. Тоа имам да му порачам и да го замолам судијата, кога ќерка ми ќе излезе од гроб, тогаш и убиецот нека излезе од затвор“, изјави мајката на Емилија Пешева.

Таа вели дека дента кога Зејнелов ја повикал да се видат во напуштениот објект на ЈП „Исар“ во близина на нивниот дом, во последен момент не дозволила со неа да замине и синчето на Емилија.

Родителите на Пешева тврдат дека Емилија постојано била малтретирана и тепана од страна на Зејнелов.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ