недела, 20 октомври 2024

Обвинет поранешниот канцелар на Австрија, лажел пред парламентот

Објавено на

часот

Сподели

Судењето му почнува на 18 октомври, а ако биде прогласен за виновен, на Курц му се закануваат три години затвор, соопшти судот во Виена.

Конзервативниот политичар ја напушти должноста во 2021 година откако обвинителите него и уште девет лица почнаа да ги истражуваат поради сомнеж за злоупотреба на довербата, корупција и мито со различни нивоа на вмешаност.

Поранешниот лидер на крајната десница Ханс Кристијан Штрахе, вицеканцеларот на Курц, поднесе оставка во 2019 година откако се појави снимка на која на Ибица разговара со жена која се претставила како внука на руски олигарх и ѝ нуди политички услуги во замена за партиски донации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ