понеделник, 20 јануари 2025

Обвинение за фирма од Косово за шверц на 48.000 пара чорапи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против фирма од Косово со подружница во Скопје и нејзиниот управител за кривично дело – криумчарење од член 278 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

На 16 јануари, обвинетиот косовски државјанин се обидел да избегне царинска контрола, така што во камионот со косовски регистарски ознаки кој пренесувал стока за правното лице преку граничниот премин Блаце биле ставени вкупно 48.000 пара чорапи кои не биле наведени во фактурите и во царинската декларација. Царинските службеници при проверка ја пронашле и ја одзеле недекларираната стока во вкупна вредност од 365.280 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ