четврток, 26 декември 2024

Обвинение за двајца скопјани, незаконски чувале забранети марки пиштоли, пушки, куршуми

По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднел обвинение против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, обвинетите на 17 октомври биле откриени дека во стан на улицата Саса 18 во Скопје заедно држеле поголемо количество на огнено оружје и муниција, вклучувајќи и оружје кое на граѓаните им е забрането.

„Полицијата кај нив пронашла една автоматска пушка со две рамки, еден револвер марка ‘Смит и весон 5’, еден пиштол марка ‘Сиг сјуер П 226’, еден пиштол марка ‘Берета’ , една ловна пушка марка ‘ТОЗ’ и 414 куршуми со различен калибар“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ