петок, 24 јануари 2025

Обвинение против лицата кои незаконски организираа онлајн коцкање

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), по спроведена истражна постапка, до Основнииот кривичен суд – Скопје поднесе обвинение против две лица кои изминатите четири години неовластено приредувале игри на среќа, а парите што притоа ги стекнале ги пуштале во оптек и купувале движен и недвижен имот. Со преземените дејствија обвинетите сториле кривично дело приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган како и кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во исто време, велат од ОЈО ГОКК, со истражната постапка против овие двајца обвинети, која започна во ноември минатата година, се водела и скратена постапка за уште две лица за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.

„Притоа, врз основа на спогодба, едно лице е осудено и му е изречена алтернативна мерка – условна осуда со утврдена казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од две години не стори ново кривично дело, а за другото лице е поднесен обвинителен предлог. Обвинителството побара од судот обвинетите да ги огласи за виновни за делата што им се ставаат на товар и предложи да им биде одземен движниот и недвижниот имот стекнат со кривичните дела, три стана со помошни простории со површина од 32 метри квадратни (м2), 95 м2 и 48 м2, две гаражи со површина од по 20 м2 и една од 16 м2, четири автомобили Ауди А7 Хибрид, Порше Е – Хибрид, Мерцедес Бенз модел Е350 Блуетец и Мини Оне Д, два моторцикли марка Пиагио и еден марка Кавасаки Нинџа, еден четирицикл марка Сузуки, мобилни телефони, лап топ компјутери и други електронски уреди, парични средства во износ од 500 евра и безмалку половина килограм златен накит“, информираа од ОЈО ГОКК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ