недела, 19 мај 2024
Избори 2024

ОБСЕ следи дали гласањето се одвива согласно нивните стандарди

Во текот на набљудувањето ќе се трудиме да забележиме дали гласањето се одвива согласно стандардите на ОБСЕ. Им посакуваме успех на гласачите во нивните следни постигнувања, изјави денеска специјалниот координатор на ОБСЕ, Николоз Самхарадзе откако со шефот на мисијата на ПС на ОБСЕ, Карина Одебрик посетија гласачки места во ОУ „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Тој посочи дека нивните активности се во рамки на заедничката мисија на Парламентарното собрание на ОБСЕ ОДИХР и Советот на Европа.

„Тука сме во центарот на Скопје, вршиме набљудување на избирачко место во едно основно училиште. Исто така ќе вршиме набљудувања во целата држава, во рурални и урбани подрачја и сите наши забелешки и опсервации, ќе ги кажеме утре на прес-конференција во три часот“, најави Самхарадзе.

Карина Одебрик, шеф на мисијата на ПС на ОБСЕ, информираше дека имаат над 300 набљудувачи, а од Парламентарното Собрание 56 набљудувачи од 25 земји.

„Она што е важно при набљудувањето на изборите е дека ги собираме  сите забелешки и опсервации и сите ги ставаме во една заедничка изјава“, појасни Одебрик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ