четврток, 30 мај 2024

Обрадовиќ облече зелен дрес и се потсети на голем успех од пред 30 години (ФОТО)

Легендарниот кошаркарски тренер, стратегот на Партизан, Жељко Обрадовиќ се потсети на големиот успех кој го направи пред точно три децении.

Објавено на

часот

Сподели

Обрадовиќ како тренер дури деветпати беше шампион на Европа. Со Партизан тоа го направи во 1992 година, а две години подоцна стана европски шампион со Хувентуд од Бадалона.

По повод 30 години од тој трофеј, Обрадовиќ заедно со својот тогашен помошник Хосеп Мариа Искиердо се сликаа во дресови на Хувентуд. Шпанскиот клуб ги објави на социјалните мрежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ