сабота, 27 јули 2024

Обновата на становите во Газа по војната ќе чини најмалку 15 милијарди долари

Најмалку 15 милијарди американски долари ќе бидат потребни за обнова на становите во Појасот Газа, соопшти претседателот на Палестинскиот инвестициски фонд Мухамед Мустафа на Светскиот економски форум во Давос.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Палестинското раководство краткорочно и понатаму ќе се фокусира на хуманитарната помош вклучувајќи храна и вода, но фокусот евентуално ќе се пренасочи на обновата“, кажа тој.

Повеќето од 2,3 милиони жители на Газа мораа поради војната да ги напуштат своите домови, некои и повеќе пати. Опсадата на Израел во енклавата предизвика страшна хуманитарна криза и недостиг од храна, гориво и лекови.

„Ако војната во Газа продолжи, повеќе луѓе веројатно ќе умрат од глад отколку од борбите“, кажа Мустафа. „Првите чекори би требало да бидат доставување храна, лекови и струја“.

Во израелските напади на Појасот Газа од 7 октомври поголемиот дел од енклавата е разурнат, убиени се повеќе од 24.000 луѓе а повредени речиси 61.000, според палестинските здравствени власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ