петок, 19 април 2024
Нема да го чекаат крајот на сезоната

Обложувалниците го прогласија Интер за шампион, почнаа да исплаќаат за Скудетото

Обложувалницата Сисал нема да го чека крајот на сезоната во Серија А, реши уште сега да почне да им исплаќа на оние кои се обложиле дека Интер ќе го освои Скудетото.

Објавено на

часот

Сподели

На девет кола до крајот на сезоната во Серија А, Интер има убедлива предност на врвот, се наоѓа на +14 во однос на Милан, и +17 во однос на Јувентус.

Па се чини дека само прашање на време е кога „нероаѕурите“ ќе се радуваат на јубилејното Скудето број 20 и втората ѕвезда на дресот. И додека навивачите се во исчекување и во календарот бараат потенцијални датуми за славје, обложувалницата Сисал реши да не троши време и да го прогласи Интер за шампион.

Како што пишува Газета дело Спорт, почнале да се исплаќаат пари на оние кои се обложиле дека Интер ќе го освои Скудетото.

Од Сисал не откриваат за колкава сума станува збор, само појаснуваат дека дури 50% од облозите биле дека Интер ќе стане шампион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ