недела, 27 октомври 2024

Облачно со врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 34 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 степена.

До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок во попладневните часови кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, како и локална појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Од недела ќе има повеќе сончеви периоди и ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ