Во Скопје променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд.
И утре времето ќе биде променливо облачно со локални слаби врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.
Во Скопје променливо облачно, околу пладне со услови за слаб дожд.
Дневните температури ќе се движат од 4 до 14 Целзиусови степени.