Во Скопје ќе биде променливо облачно и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 3 Целзиусови степени.
Како што информира УХМР, до недела ќе се задржи стабилно и постудено време со ниски утрински температури. Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во понеделник и вторник ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи.