сабота, 27 јули 2024
Време

Oблачно со сончеви периоди, попладне дожд и грмежи

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне во делови од Скопската Котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.

Утре ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, кои ќе започнат во западните делови, каде ќе бидат и пообилни, а во текот на денот ќе се прошират насекаде низ државата. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Потоа во следните два дена во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Дневните температури од петок ќе бидат во пораст.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ