понеделник, 21 октомври 2024
Време

Облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, а дневната температура ќе достигне до 16 Целзиусови степени. Маврово 9, Охрид, Битола, Крива Паланка и Берово 13, Кавадарци 18, Дојран 17.

Утре времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и во северните планински региони ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието наместа ќе засилува.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 13 до 23 степени.

  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ