Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а преку денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб северен ветер.
Утре претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 5 до 14 Целзиусови степени.