сабота, 27 јули 2024
Време

Облачно со повремени врнежи од дожд, снег на планините

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, а на некои пониски места краткотрајно врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието.

 

Објавено на

часот

Сподели

Слаб снег провејува на планинските превои Буково и Пресека, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 70 до 80 метри има на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, информира АМСМ.

Во Скопје променливо облачно со слаб ветер од променлив правец и услови за појава на краткотраен дожд.

И утре времето ќе биде променливо облачно, особено во западните и северните делови претпладне со локални врнежи од дожд, а на планините и во повисоките места од повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец и со услови за појава на краткотраен дожд.

Дневните температури ќе се движат од 2 до 9 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ