понеделник, 17 март 2025
Време

Облачно со повремени врнежи од дожд и пад на дневните температури

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно, попладне, а особено во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи, повремено во форма на невреме со засилен ветер.

 

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се движи од -3 до 5, а максималната од 2 до 10 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ