Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Дневната температура ќе достигне до 23 Целзиусови степени. Маврово 15, Охрид 19, Битола 21, Крива Паланка 19, Берово 16, Кавадарци 23, Дојран 24.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Од пладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 15 до 23 степени.