Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд од преку ноќта и потоа преку денот со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Во петок и до сабата наутро ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места особено во западните делови од земјата ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.