сабота, 20 април 2024
Време

Oблачно со повремен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, особено во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 16 степени.

Утре на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови (над 20 л/м2). Ќе дува повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ