Во Скопје облачно со повремен дожд, повремено пороен, ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а дневната температура ќе достигне до 21 Целзиусов степен. Маврово 14, Охрид, 20, Битола 18, Крива Паланка и Берово 18, Кавадарци 22, Дојран 24.
Утре претпладне ќе имаме претежно облачно време со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а претпладне на места засилен северен ветер.
Во Скопје претпладне со локален дожд, попладне умерено облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 18 до 26 степени.