сабота, 27 јули 2024
Време

Облачно со попладневни краткотрајни поројни врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 27 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток и петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од четврток до сабота ќе биде во постепено опаѓање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ