Во Скопје променливо облачно со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во следните три дена времето ќе биде стабилно, во четврток со појава на магла по котлините. Во петок и сабота ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и топење на снежната покривка.