четврток, 10 октомври 2024
Време

Облачно со локални врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен ветер.

Утре наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 22 до 30 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ