сабота, 27 јули 2024
Време

Облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно време со локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат од 28 до 36 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ