сабота, 19 октомври 2024
Време

Облачно, попладне пороен дожд

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови од земјата.  Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

На почетокот на следната седмица во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, над 20 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер, над 60 километри на час, и изолирана појава на град. Врнежите ќе бидат пообилни денеска во северозападните делови, а в понеделник во поголемиот дел од земјата и особено на северот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ