сабота, 21 декември 2024
Време

Облачно, нестабилно со локален пороен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и силен ветер (над 70 km/h).

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

И утре времето ќе биде променливо облачно, во западните и северните делови со повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, во јужните делови засилен ветер од западен-југозападен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.

Дневните температури ќе се движат од 11 до 26 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ