среда, 23 октомври 2024
Време

Облачно и топло, попладне во северните делови дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладневните часови претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 29 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Од УХМР најавија дека од четврток до сабота ќе преовладува сончево и топло време. Промена на времето со локални врнежи од дожд, наместа пообилни и пад на дневната температура се очекува од недела. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ