сабота, 27 јули 2024
Време

Облачно и топло, од вечер снег

Наутро во оддделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Преку денот времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските места ќе бидат најпрвин од дожд, а потоа ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието ќе засилува.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои постепено ќе преминат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе засилува.

Утре времето ќе биде облачно и студено со врнежи претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец најизразен вдолж Повардарието.

Во Скопје облачно и студено со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од -2 до 8 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ