Во Скопје облачно и свежо со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и засилен ветер.
Утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје претпладне облачно. попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Дневните температури ќе се движат од 16 до 27 Целзиусови степени.